“ВИДОВ СВЕТОТ КАКО СЕ РУШИ” – КОШМАР И ВРИСОК: Силен земјотрес ја крена Италија на нозе – Луѓето во страв ги напуштија домовите

Засега нема вести за евентуални жртви.

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Италија, недалеку од градот Молизе.

  • Каков кошмар. Никогаш не сум бил толку исплашен. Скокнав од креветот и слушнав вресок од целата зграда, врескање на стари и деца. Веќе видов како светот се руши – напиша еден корисник на Твитер.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил во близина на градот Молиз.

Луѓето во страв ги напуштија своите куќи
Кај населението има страв од земјотрес, кој јасно се почувствувал далеку од епицентарот.

Пријателите од Кампобас известуваат дека ја напуштиле куќата. Тие се многу исплашени, но не треба да има штета – напишал еден од корисниците на Твитер.

Според првите извештаи, земјотресот бил почувствуван и во Неапол и Салерно, во некои области на Лацио, Пуља и Абруцо, пренесува Calcio Mercato.

Во моментов нема вести за евентуални жртви и материјална штета, дури и да има, за попрецизен биланс ќе треба да се почекаат следните неколку часа.

Црна статистика

Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), најсмртоносните земјотреси во последните години се случиле во радиус од 300 километри од Кампобас, каде што земјотресот бил почувствуван и вчера. Едниот бил на 13 јануари 1915 година со магнитуда од 7,0 и однел 32.610 животи, а другиот на 23 ноември 1980 година со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала кој однел 2.483 животи и третиот на 23 јуни 1930 година со јачина од 67 степени Рихтер и одзеде 1.404 животи.