ВИСОК РИЗИК – “Овој астероид е долг колку олимписки базен, може да ја удри Земјата, знаеме и која година!“

Откриен е нов астероид кој според прелиминарните пресметки би можел да ни го расипе „Денот на вљубените“ во 2046 година. 

Астероидот сега е познат како 2023 DW, широк е 50 метри и има 1:607 шанси да удри во Земјата, но експертите веруваат дека и тие минимални шанси наскоро ќе исчезнат.

На 26. февруари, Европската вселенска агенција го откри 2023 DW и процени дека веројатноста да падне на Земјата е 1:607. Агенцијата предвиде и потенцијален датум на несреќа, а тоа е „Денот на вљубените“ во 2046 година. CBS News објави за предвидувањата дека астероидот е долг колку олимписки базен.

Научниците го додадоа овој астероид на т.н. листа на ризик, која детално ги прикажува објектите што лебдат во вселената и кои имаат потенцијал да влијаат на Земјата. Тие го оценуваат со единица на Торинската скала, метод развиен во 1999 година кој го проценува ризикот од судир на вселенски објекти со Земјата.

Сето ова значи дека од денес научниците го третираат астероидот како астероид кој не претставува невообичаено ниво на опасност и дека можноста за судир е многу мала, без причина за загриженост. 2023 DW, сепак, се издвојува од другите 1.448 астероиди на ризичната листа како единствен со ранг повисок од 0.

Италијанскиот астроном Пјеро Сиколи предвиде дека шансата 2023 DW да удри во Земјата е 1 спрема 400 и смисли мапа која предвидува каде би можел да удри астероидот. 

Сигурно оваа можност наскоро ќе биде исклучена“, напиша тој во објавата на социјалната мрежа Твитер.