ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ – Путин му подготвува голема гозба на Си: На менито се наоѓаат риби од изумрен вид а секако и омиленото вино на Владимир Владимирович!

Претседателот на Кина, Си Џинпинг е во државна посета на Русија од 20. до 22. март на покана на рускиот претседател Владимир Путин, а фокусот ќе биде ставен на натамошниот развој на партнерските односи меѓу двете земји.

Си Џинпинг слета во Москва во понеделникот, како претседател на земја која сака да биде потенцијален посредник во постигнувањето мир во Украина и која Русија ја смета за важен сојузник во борбата против Западот.

Така, кинескиот претседател стана првиот светски лидер кој се ракувал со Владимир Путин откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење по обвинувањата за депортирање на украински деца за време на инвазијата.

За да биде сигурен дека ќе ја добие поддршката од кинескиот претседател, британскиот весник The Telegraph пишува дека Путин ќе се обиде да го импресионира Си со ексклузивна вечера на чие мени ќе има само регионални деликатеси.

Си Џинпинг и Владимир Путин

Така, Владимир Путин планира да послужи посебно вино произведено од имотот „Дивноморскоје“ до неговата луксузна палата на Црното Море, а двете вина што ги избрал рускиот претседател се од гроздоберот од 2020 година.

Покрај виното со врвен квалитет, менито вклучува и послужавници со морска храна од далечниот исток на Русија, шербети од калинка, печен лов во сос од цреша и десертот „Павлова“, именуван по една од најпознатите руски балерини.

Приемот во Кремљ вклучува и блини од потполошки и печурки, супа од есетра и сибирски бел лосос.

Кинескиот претседател го добива врвниот третман од Кремљ од моментот кога стапна на црвениот тепих на аеродромот „Внуково“, непосредно пред Москва, во понеделникот во 13:00 часот по локално време.

Дмитриј Чернишенко, рускиот вицепремиер, го пречека Си Џинпинг на аеродромот, а воен дувачки оркестар ја свиреше руската и кинеската национална химна додека истакнати гости ја следеа парадата на војниците.

Од аеродромот, колоната на Си од 17 автомобили и 11 возачи возеше низ празните улици низ Москва се до Кремљ, каде што ги чекаше Путин.

Дури и додека се возел кон Кремљ, Си бил сведок колку оваа посета значи за Путин.

Топло добредојде во Русија за претседателот на Кина“ – гласеа големите сини билборди кои беа поставени на неговата рута во Москва.

Ова е прва посета на Си Џингпин на Москва од 2019 година. Пред само шест месеци се чинеше дека односите се заладија, но во понеделникот во Кремљ двајцата претседатели се поздравија како стари пријатели.

Путин и Џинпинг газеа низ позлатената соба, а потоа цврсто се ракуваа и се насмевнаа. Официјалните разговори започнаа во понеделникот и ќе продолжат денес, а вечерата е наменета како продолжение на разговорите, иако политичките коментатори веруваат дека токму тогаш ќе се случат дел од вистинските преговори.

Колку сериозно се перципира кинескиот претседател можеби најдобро говори информацијата дека на руските космонаути им било наредено од Кремљ да ги подигнат кинеското и руското знаме во вселената за да ја прослават посетата на Си Џинпинг на Москва.