ВИСТИНСКИ ХОРОР – Си ја убил партнерката и и го киднапирал детето: Несреќното 2-годишно дете било пронајдено мртво во уста на алигатор

Тејлен Мозли (2 г.) беше пријавен за исчезнат во четвртокот, откако неговата мајка, 20-годишната Пашун Џефери, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Флорида, САД. Полицијата во петокот соопшти дека несреќната жена била избодена повеќе пати и усмртена, објави Sky News.

Таткото на младото момчето, Томас Мозли (21 г.), беше обвинет по две точки за убиство од прв степен, соопшто началникот на полицијата Ентони Холовеј, а исчезнатото мало дете било пронајдено мртво откако неговото тело било пронајдено во устата на алигатор.

Според началникот на полицијата, детето било пронајдено во близина на паркот „Дел Холмс“, во близина на езерото Маџоре, кое е на 16 километри од станот на неговата мајка. Детективот го застрелал алигаторот и го убил со цел да го извади малото дете.

Не сакавме да го најдеме на овој начин, но сега можеме барем на тоа семејство да му дадеме некаква утеха“, изјавил Холовеј.

Членовите на семејството велат дека мајката Пашун Џефери и нејзиното дете последен пат биле видени во средата, а во четвртокот побарале од управителот на станот да ја провери бидејќи не можеле да дојдат до неа, соопшти полицијата. Џефери живеела во станот само околу еден месец, вели нејзиното семејство.

Во потрагата по момчето беа вклучени кучиња, дрон и федерални и државни агенции за спроведување на законот.

Причината за смртта на момчето допрва ќе ја утврдува вештачење.

Томас Мозли, обвинет за убиство, се пријавил во болница со исекотини на рацете и нозете. Од петокот, тој сè уште не разговарал со детективите и побарал адвокат, соопшти полицијата. Се сомнева дека, откако ја убил својата партнерка, киднапирал дете кое, за жал, на крајот било пронајдено мртво.