Вицепремиерот Битиќи на состанок со бизнис делегација на Источниот комитет на Германското стопанство

 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска ќе одржи состанок со бизнис делегација на Источниот комитет на Германското стопанство.

На состанокот ќе присуствува и в.д. амбасадорот Ото Граф.

По завршување на состанокот, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, предвидени се изјави за медиумите.