Владимир (18) брутално ја силувал Марија (16), ја убил, а потоа брутално и го распарчил телото со секира – одлуката на судот е СКАНДАЛОЗНА

Шаров во еден момент се обидел да ја доведе полицијата во заблуда снимајќи видео.

Откако се докажа дека силувал, убил и на крај распарчил малолетно девојче со секира, судот донел малку скандалозна одлука убиецот и силувачот да го осуди на само 14 години ригорозна затворска казна.

Владимир Шаров (18) е осуден за силување, убиство и масакр на Марија Конова (16) со секира. По грозоморното убиство, тој ги спакувал останките на девојчето во кеси за замрзнување и ги фрлил низ населбата во предградието на градот Магнитогорск, Русија.

Тие се запознале преку социјалните мрежи, а таа по извесно време се согласила да дојде во станот на убиецот. Според сведочењето на еден од соседите, Марија во еден момент извикала „Ќе те пратам во затвор“ но бучавата потоа престанала. Како што утврдила истрагата, Владимир прво ја врзал Марија, а потоа и ставил чорап во уста, по што ја силувал.

– Ја силувал, па ја убил бидејќи се плашел дека ќе го пријави во полиција. После тоа ја распарчил со секира, рече тој.

Шаров во еден момент се обидел да ја измами полицијата сними видео на кое се преправа дека е болен сакајќи да си обезбеди алиби. Сепак, неговиот обид бил спречен, а тој самиот го признал бруталното убиство.