ВМРО-ДПМНЕ: Влада која се грижи за граѓаните не дозволува инфлација од 20 отсто

СДС не ги штити граѓаните, туку ги ограбува, а со купи ден – помини политики, односно со привремено решение од замрзната цена, мерка која ни самите во влада не ја почитуваат, сака да се прикаже месија, во ситуација кога дозволи се да поскапе.

СДС самата во Влада набавува леб поскап 30-100% поголеми од цената која ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб или додека за белиот леб со продолжен рок плаќа 75,6 денари.

Покрај тоа, ако СДС навистина сакаше да го заштити стандардот на граѓаните уште пред една година ќе донесеше соодветни мерки, ќе ги наполнеше и зголемеше стоковите резерви, ќе им помогнеше на производителите и ќе спречеше ценовен шок за граѓаните.

СДС тоа не го направи, наместо тоа ја поскапи струјата за бизнисот и граѓаните и дозволи цените вртоглаво да растат.

Поради криминалните политики на СДС граѓаните имаат десетици илјади денари повисоки месечни трошоци, сметките им се значително поголеми, а основните производи поскапеа за 50%, а некои и за 200%.

Влада која се грижи за граѓаните не дозволува инфлација од 20%, односно двојно повисока од таа во еврозоната каде стандардот е многу поголем.

И откако дозволи се да поскапи и една година граѓаните да осиромашуваат сега СДС со привремена мерка за лебот глумат спасители, небаре граѓаните само леб јадат и ништо друго. Да не зборуваме за сите останати месечно трошоци кои ги имаат. 

Ако СДС сакаше да им помогне на граѓаните уште пред една година ќе прифатеше од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ како одредени корекции на одредени параметри, зголемување на стоковите резерви, давање на брашно на производителите, намалување на цените на нафтените деривати преку акциза и останатите мерки кои ги предлагавме.

Така немаше да се стигне до ова дереџе во кое СДС ги втурнаа граѓаните да месечните минимални трошоци се 51.000 денари за семејство, а да има нови 13.000 сиромашни.

Реалноста е дека СДС не размислува за стандардот на граѓаните, туку за профитот на своите функционери и милионските криминални тендери. Затоа што побрзо СДС си замине толку побрзо Македонија и граѓаните ќе се оправат од сиромаштијата и бедата во која оваа влада ги носи.