ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го тоне СДСМ, Каја Шукова е следната жртва на локалните избори

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ги коментираше имињата со кои опозициската СДСМ ќе се натпреварува на локалните избори.

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со овие кандидати презентирани од страна на СДСМ, ќе бидат сигурни во поразот.

„СДСМ под водство на Венко Филипче покажа само едно, дека секогаш може да оди пониско и дека дното е секогаш подлабоко. Филипче е како жив песок, тој само ја тоне партијата. Ова се виде во овој последен период во кој никој не го прифати да биде кандидат за која било општина, особено за Скопско каде што никој не сакаше да влезе во трката. Па така, по низа имиња што очигледно ги вадеше од главата, мораше да излезе со Каја Шукова или таа ќе беше жртва“, рече Манасиевски.

Во врска со трката во Градот Скопје, Манасиевски рече дека Шукова го има печатот на Заев уште од почетокот на оваа претходна позиција.

„Шукова, која за време на нејзиниот министерски мандат од февруари 2023 година, се појавуваше во јавноста само и повторуваше дека е потребно долго време за да се реши каков било еколошки проблем“, нагласи тој.

Потсетуваме дека ВМРО-ДПМНЕ го номинираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на град Скопје.