ВОДЕНИОТ ‘ЅВЕР’ НА ЏЕФ БЕЗОС – Новата мега-јахта на милијардерот забележана на море: Згодни девојки и луксуз, нема што нема! (фото)

Суперјахтата „Кору“, ѕверот вреден 500 милиони долари на Џеф Безос, е забележана во Северното Море откако на 13. февруари исплови од Ротердам, а видеото е објавено од организацијата Dutch Yachting.

Тест возењето на мега јахтата долга 127 метри дојде неколку месеци откако првично требаше да му биде доставен на 59-годишниот милијардер.

Јахтата вклучува т.н брод за поддршка од 76 метри во кој се наоѓа место за слетување на хеликоптерот на првиот човек на Амазон. Бродот на Безос предизвика контроверзии минатата година по извештаите дека холандските власти ќе мора да го демонтираат историскиот мост Конингсхавен бидејќи челичната конструкција висока 39 метри не дозволува пловилото и неговите јарболи безбедно да поминат.

По негодувањето на жителите, локалните власти ја напуштија првичната идеја, а бродот беше преместен од градилиштето во друго бродоградилиште во блискиот град, без јарбол.

Граѓаните на Ротердам, наводно, во февруари ветиле дека доколку јахтата го помине мостот, во знак на протест ќе фрлаат по неа јајца.

Кога конечно дојде време да се премести бродот од споменатото холандско бродоградилиште, беше донесена одлука да се премести под закрила на темнината.

Инаку, за одржување и работа на јахтата се потребни 25 милиони долари годишно. Јахтата може да прими 18 гости и бара екипаж од 40 морнари.

Јахта вредна половина милијарда долари е капка во океанот за богатиот Безос, чија нето вредност Forbs ја проценува на 181 милијарда долари.