ВОЕНА ОБУКА ЗА ДЕЦА !? Медиумите објавија шокантни снимки од Крим: Погледнете што прават децата на училиште! (видео)

Руската државна медиумска агенција РИА Новости објави видео на кое, наводно, се гледаат ученици од основно училиште во Крим како учат да составуваат калашников и да се борат со пушка в рака.

На една видео-снимка се гледаат три деца во првите клупи, две момчиња и едно девојче во училишни униформи, кои се чини дека имале задача да склопат автоматска пушка што е можно побрзо.

Друга видео-снимка покажува десетина ученици на настап во училишниот ходник, како ги извршуваат наредбите на нивниот учител во униформи.

Положи го оружјето. Поклони се“, вели учителот, а потоа брои до пет додека тие демонстрираат боречки вештини.

Видео-снимката е објавена во руските државни медиуми со опис: „Отворени основни курсеви за воена обука во училиште на Крим“.

Да потсетиме дека во декември 2022 година беше објавено дека Министерството за образование на Русија одобрило училишна програма со лекции за војната во Украина, како и учење како да се пука од автоматска пушка калашников и како се фрла граната.