Возилата на БРАКО на саем во Калифорнија

Возилата на БРАКО за одржување хигиена во урбани средини се претставуваат на саем во Калифорнија во рамките на Конференцијата за градски управи, која се одржува од 8 до 10 февруари во градот Карлсбад.

Оваа конференција редовно ги снабдува со современи и неопходни информации членовите на раководствата на градовите и обезбедува широк ранг на новини и податоци кои го помагаат менаџирањето на градските средини.

Возилата на БРАКО се пласираат на американскиот пазар преку фирмата-ќерка на БРАКО во Калифорнија и саемот е можност за ново организирано претставување пред градските власти во тој дел на САД.

Возилата веќе се набавени од повеќе градови во Калифорнија, како Сан Франциско, Лос Анџелес, Сан Диего,  Сакраменто, Сан Маркос, Сан Бруно и други, а нарачки пристигнуваат и од други градови низ САД.