ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Момче (6 г.) било грабнато од лав во зоолошка градина! Луѓето беспомошно врескаат, додека никој не може да го одвои детето од ѕверот…

Младо момче од Палестина трагично го загубило својот живот кога влегло во зградата т.е. кафезот на лавот во зоолошка градина, пишува Daily Mail.

Хамада Иктиет (6 г.) претходниот ден со семејството отишол во приватна зоолошка градина во Газа кога големиот див ѕвер го фатил за вратот.

На многу вознемирувачките видео-снимки кои кружат на социјалните мрежи, може да се види како лавот се обидува со сите сили да го одвлече младото момче заглавено меѓу решетките на кафезот, додека на решетките може да се видат и ужасни дамки од крв.

Портпаролот на полицијата соопштил дека животното го нападнало малото дете откако Хамада Иктиет се качил низ заштитната ограда во зоолошката градина во градот Кан Јунис, јужна Газа. Семејството на момчето, сепак, тврди дека момчето, кое било во зоолошката градина со неговата мајка и другите членови на семејството, само се приближило до надворешната ограда каде што стоел лавот.

Полицијата го затвори паркот до завршување на истрагата.

Се верува дека ова е прв пат некој да биде убиен од животни чувани во една од неколкуте приватни зоолошки градини во Газа. Фаталниот напад поттикна нови повици за затворање на зоолошките градини бидејќи животните не можат соодветно да се згрижуваат на сиромашната и пренаселена територија која е дом на околу два милиони луѓе.

Се верува дека животните живеат во тешки услови и страдаат поради повторените борби меѓу Израел и Хамас во Газа кои доведоа до запоставување и гладување, како и недостаток на медицинска нега.

Вознемирувачкото видео можете да го погледнете ОВДЕ.