ВОЈНА НА УЛИЦИТЕ ВО ИТАЛИЈА ПРЕД НАТПРЕВАРОТ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ! Жестока пресметка меѓу навивачи – запалени и полициски возила! (видео)

Италијанските власти стравуваа од нереди пред натпреварот меѓу Наполи и Ајнтрахт Франкфурт во осминафиналето на Лигата на шампионите, а токму тоа и и се случи. Околу 400 навивачи на германскиот клуб дојдоа во Италија на реваншот од елитното натпреварување и настана целосен хаос. Дошло и до конфликт со полицијата!

Продажбата на билети за гостинските симпатизери беше забранета поради нередите на првиот натпревар во Франкфурт, но тие сепак успеаа да дојдат до билети со помош на навивачите на Аталанта. Им купиле билети, па дошле со нив во Неапол и настанал целосен хаос. На социјалните мрежи почнаа да се појавуваат видео снимки и изгледаат како од воена зона.

Според локалните медиуми, симпатизерите на Наполи ги нападнале германските навивачи, иако има видео снимки на кои се гледа пресметката меѓу гостинските симпатизери и полицијата и нереални настани на улиците пред натпреварот.

Засега нема информации дали има повредени или уапсени. Но според она што може да се види е дека биле опожарени и неколку полициски возила. Да потсетиме, натпреварот е закажан за во 21:00 часот на стадионот „Диего Армандо Марадона“, а Италијанците имаат предност од првиот натпревар (2:0).