Во Битола одбележана годишнина од смртта на Милтон Манаки

– Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и кино клуб „Студио Милтон Манаки“, на Влашките гробишта во Битола, одржаа чествување по повод 59 години од смртта на Милтон Манаки.

Во знак на почит кон првиот снимател на Балканот, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставниции на Советот на општината, како и други делегации претставници на институции и асоцијации кои го негуваат делото и творештвото на Манаки.

-Се собравме да одадеме достојна почит на еден од великаните на кинематографијата и зачетоците на кинематографијата на Балканот. Битола е почестена што браќата Милтон и Јанаки Манаки, биле дел од историјата на градот. Затоа, заедно тука се договоривме, идната година, кога се навршуваат 60 години од смртта на Милтон Манаки, подостоинствено да го одбележиме тоа, за што се договоривме да формираме иницијативен одбор кој ќе се погрижи за одбележувањето, затоа што навистина, на вакви великани, Битола, треба достојно да им се оддолжи, истакна градоначалникот Коњановски, прифаќајќи ја иницијативата на претставниците на Клубот „Милтон Манаки“.

Делото на Манаки се чува на две места, во Кинотека на Македонија и во битолскиот историски Архив, тоа е големо и треба да се почитува и вреднува, потсетија од Клубот „Студио Милтон Манаки“.