Во Британија речиси 80 полицајци казнети за сексуално злоставување жртви

 Речиси 80 полицајци во 22 полициски управи во Англија и Велс се соочуваат со дисциплински мерки поради несоодветни сексуални односи или сексуални контакти со жртви, сведоци и осомничени од 2018 година, пишува лондонски „Обсервер“.

Податоците добиени според Законот за слобода на информации покажуваат дека мнозинството полицајци кои се соочуваат со дисциплински мерки се отпуштени или претходно дале оставка.

Меѓутоа, 10 полицајци останаа на своите позиции, соочени со помали санкции, како што се писмени предупредувања или суспензии.