Во Делчево награден литературен конкурс по повод 120 години од смртта на великанот Делчев

 По повод 120 години од смрта на великанот Гоце Делчев, патрон на градот Делчево, јавната локална библиотека ,,Илинден” распиша награден литературен конкурс на тема: „Гоце – наша ѕвезда водилка“. Право на учество на конкурсот, како што информираа од библиотеката имаат сите граѓани на Пијанечко-Малешевскиот регион од општините Делчево, Пехчево, Берово и Македонска Каменица, како и ученици од основните и средни училишта од регионот.

-Напишаните литературни творби во проза или поезија можат да се достават во ЈЛБ „Илинден“ Делчево со напишано име и презиме и контакт телефон, а исто така можат да ги достават во електронска форма со напишано име, презиме и тел. Контакт на следната емаил адреса: [email protected], информираа од ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.

Творбите ќе ги прегледува стручна Комисија, а по завршувањето на изборот, наградените ќе добијат податок и диплома.

-Најдобрите литературни творби ќе бидат прогласени и прочитани на свечениот концерт во рамките на Одбележување на 120 години од смрта на великанот Гоце Делчев на 4 мај 2023 година. Исто така прогласените творби ќе бидат објавени на веб страната на Општина Делчево, додадоа од делчевската библиотека.

Конкурсот ќе трае до крајот на месец април, односно заклучно со 30.04.2023 година.