ВО ДОЛГ СИН ФУСТАН – Кетрин Зета Џонс блесна на премиерата на филмот, нејзиниот сопруг не го тргаше погледот од неа

Кетрин Зета-Џонс го привлече вниманието со своето појавување на премиерата на филмот „Ant-Man And The Wasp: Quantumania“, а ниту нејзиниот сопруг Мајкл Даглас не можеше да го тргне погледот од актерката.

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс се појавија во прилично импресивни модови на премиерата на „Ant-Man And The Wasp: Quantumania“ во Лондон во четвртокот навечер.

Имено, 53-годишната актерка за оваа пригода избра впечатлив пастелно син фустан, а го придружуваше својот сопруг Мајкл Даглас кој го претставуваше својот најнов филмски проект.

Фустанот на Кетрин беше до подот и имаше прилично нагласено деколте со дел од ткаенината обвиткан преку рамениците. Изгледот го комплетираше со штикли, а косата ја носеше благо виткана.

Даглас, како и сите присутни, беше маѓепсан од убавината на својата сопруга и не го тргаше погледот од неа. 

Двојката се појави во добро расположение додека се фотографираа пред проекцијата. Тие се во брак 22 години и имаат две деца, Керис (18) и Дилан (20).