ВО ЖИВО: Започна трилатералната средба помеѓу Вучиќ, Курти и европските претставници во Охрид (фото)

Во Охрид во моментот се одржува средба на еврокомесарот за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и специјалниот претставник на Европската унија за дијалог помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.

Во текот на целиот ден агендата е полна, се одржаа досега повеќе среби помеѓу присутните а во моментот започна директната среба помеѓу Александар Вучиќ и Албин Курти заедно со високите преставници на Европската унија.

Денешните разговори се очекува да завршат со некаков исход односно решение за отворените прашања помеѓу Белград и Приштина.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по денешната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина во Охрид ќе се обрати пред медиумите и ќе ги информира за резултатите од разговорите, но нема да одговара на прашања од новинарите.