Во Истанбул се состанаа Ердоган и Столтенберг зад затворени врати (фото)

– Претседателот на Турвија, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Состанокот се одржа во претседателската канцеларија во Долмабахче во Истанбул.

Столтенберг синоќа присуствуваше на свеченоста по повод инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган, кој претходно положи заклетва за трет мандат претседател на Турција.

Средбата меѓу Ердоган и Столтенберг се одвиваше зад затворени врати.

Столтенберг синоќа присуствуваше на свеченоста по повод инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган, кој претходно положи заклетва за трет мандат претседател на Турција.

Кон крајот на мај Столтенберг на социјалната мрежа Твитер објави: „Имав добар разговор со претседателот Реџеп Таип Ердоган. Му честитав на изборот. Разговаравме за клучните прашања пред претстојниот самит на НАТО во Вилнус, континуираната поддршка за Украина и финализирање на пристапувањето на Шведска во НАТО.“

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО по војната што Русија ја започна во Украина во февруари 2022 година.

Турција повеќепати досега соопшти дека активностите на терористичките организации ПКК и ФЕТО во Шведска се причина поради која се против членството на Шведска во НАТО.