Во Лас Вегас се гради арена во форма на огромна сфера, проектот е вреден 2,2 милијарди долари (ФОТО)

„MSG Sphere“ е името на арената вредна 2,2 милијарди долари која моментално се гради во Лас Вегас, Невада, а се очекува да биде завршена во 2023 година.

Арената е висока 110 метри и широка 157 метри. Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на најголемиот 16K LED екран некогаш направен, импресивен звук и вибрирачки седишта.

Планирано е арената да работи 365 дена во годината и треба да донесе стотици милиони долари за локалната економија.

Местото со 17.500 седишта првично требаше да биде отворено во 2021 година, но изградбата беше запрена во април 2020 година поради пандемијата.