Во Музеј Неготино концерт на учениците од Музичкото училиште

– Учениците од Основното општинско музичко училиште ,,Владимир Арсовски” од Неготино, вечерва одржаа концерт во неготинскиот градски музеј. Музицираа ученици од класите по пијано, виолина и саксофон. 

– Овој концерт е плод на успешната соработка што години наназад ја имаме со ова училиште, што е расадник на музички таленти, кои подоцна стануваат успешни музички уметници, рече меѓу другото, Драгица Чекорова, директор на музејот. 

Таа се осврна и на бројните проекти што следуваат, истакнувајќи дека тие опфаќаат различни видови на уметност и културни содржини за сечиј вкус.