Во прекин веб-страниците на неколку германски аеродроми

– Веб-страниците на седум германски аеродроми денеска се во прекин најверојатно поради кибер напад, соопшти здружението на аеродроми АДВ во Германија. 

Наводниот напад бил извршен ден по големиот ИТ дефект во Луфтханза, поради што илјадници патници не пристигнале на посакуваните дестинации. 

Не функционираа веб-страниците на аеродромите во Дизелдорф, Нирнберг и Дортмунд, додека веб-страниците на најголемите германски аеродроми во Франкфурт, Минхен и Берлин работат нормално. 

Извршниот директор на АДВ, Ралф Бејсел, рече во изјавата дека веб-страниците на седум аеродроми, за кои рече дека биле цели на големи напади за одбивање на услугата (DDoS), привремено биле во прекин со работа. 

„Според информациите што ги имаме досега, другите системи не се погодени“, рече Бејсел.