Во Русија речиси 50 отсто намалени приходите од нафта и гас

Приходите од руската нафта и гас се намалени за 46,4 отсто во февруари во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

Сепак, тие се зголемени за 22,5 отсто во февруари во однос на јануари, пишува skynews.

Даночните и царинските приходи од продажбата на нафта и гас паднаа во јануари на најниско ниво од август 2020 година.

Приходите од продажбата на нафта и гас достигнаа 521,2 милијарди рубљи (6,5 милијарди евра) минатиот месец, во споредба со 425,5 милијарди рубљи (5,3 милијарди евра) во јануари и 971,7 милијарди рубљи (11,8 милијарди евра) во февруари 2022 година.

Москва се потпира на приходите од енергија за финансирање на владините трошоци.

Таа беше принудена да продава девизни резерви за да ги покрие трошоците за војната во Украина.