Во Уметничка Галерија Куманово изложба „Фем (м) Арт“

– Националната установа Музеј, денеска ги покани кумановци да ја проследат изложбата „Фем (м) Арт“ која за прв пат се организира во чест на Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Изложбата опфаќа дела од реномирани жени – авторки, кои оставиле силен печат на македонската ликовна сцена, но и помлади авторки кои се во процес на градење на својата ликовна кариера. Љубителите на уметноста ќе можат да разгледаат дела ликовниот Фонд на НУ Музеј – Куманово кои хронолошки опфаќаат широк временски распон од 70-те години на 20 век, па се до 2021 година.

– Овие слики се дел од ликовните збирки, од депото на НУ Музеј – Куманово. Станува збор за 29 селектирани авторки кои хронолошки припаѓаат на различни генерации. Делата се датирани од 70-тите години на 20 век, па сè до 2021 година, и ги носат белезите на сопствениот ликовен јазик на авторките, но и ликовните тенденции од тоа време. Ретка можност посетителите да видат творештвото на реномирани авторки кои се дел од антологијата на македонската уметничка сцена, но и дела од помлади уметници кои го градат својот пат, изјави Драгана Спасковска, виш кустос, историчар на уметноста (НУ Музеј-Куманово)

На зложбата ќе бидат презентирани дела Ана Темкова, Вана Урошевиќ, Симонида Филипова Китановска, Жанета Гелевска, Микица Трујкановиќ, Тања Балаќ, Гордана Даутовска, Кристина Божурска, Марина Цветановска Мартиновска, Лилјана Кекеновска Пауновска, Маријета Сидовски, Мирјана Крстева Массетти, Андријана Мациев, Марија Марковска, Анка Столковска, Маргарита Аврамовска, Ивана Тушевска, Валентина Илијевска, Тања Соларска Темелковски, Ангелина Поповска, Наташа Серафимовска, Мирослава Цветковиќ, Бисера Младеновска, Кристина Хаџиева, Марија Мицова Гацова, Мила Трендафиловска, Ивана Настески, Симона Јакимовска и Марија Трајаноска.

Отварањето на изложбата е вечерва со почеток во 20 часот во Уметничката Галерија во Куманово. Изложбата ќе биде поставена до крајот на месец март 2023.