„ВО ХАГ ЌЕ СЕ СУДИ ЗА ВОЕНИТЕ ЗЛОСТОРСТВА ВО УКРАИНА“ Претседателот на Европската комисија: Путин ја ризикува иднината на РУСИЈА!

Шефот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за гонење на злосторствата во Украина.

Фон дер Лајен е во Киев, каде што таа и други претставници на ЕУ се во посета за да ја покажат својата поддршка и да ветија воена, финансиска и политичка помош за Украина пред една година од војната.

– Центарот ќе го координира собирањето докази, ќе биде поврзан со заедничкиот истражен тим поддржан од нашата агенција Еуројуст – рече таа.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во разговор со претседателот Володимир Зеленски ја истакна непоколебливата поддршка на Унијата за Украина.

 Путин се обидува да го негира постоењето на Украина, но наместо тоа ја ризикува иднината на Русија – рече Фон дер Лајен.