Во Јапонија се зголеми бројот на компании кои банкротираа во фискалната 2022 година

Анализата откри дека 6.799 компании покренале постапка за ликвидација во Јапонија помеѓу април 2022 година и март 2023 година.

Бројот на компании кои доживеаја банкрот во Јапонија се зголеми во фискалната 2022 година која завршува во март, јавува Анадолија.

Агенцијата за кредитни истражувања „Teikoku Databank“ анализирала корпоративни фирми со долг од најмалку 10 милиони јени (68.000 долари).

Анализата откри дека 6.799 компании покренале постапка за ликвидација во Јапонија помеѓу април 2022 година и март 2023 година.

Ова е зголемување за 883 компании во однос на претходната финансиска година.

Како причини за банкрот вообичаено се наведуваат зголемените трошоци за суровините и зголемените трошоци за енергија. Една од причините е неможноста за отплата на кредитот.