Во Јапонија уапсени три лица поради пиење од „заедничко шише“ соја-сос

– Во Јапонија три лица се уапсени поради намерно несовесно однесување во суши ресторан. Тие се осомненичени дека „насилно ја попречувале“ работата на угостителскиот објект, објави „Гардијан“.

Меѓу уапсените е „првоосомничениот“ 21-годишен маж кој пиел од „заедничко шише“ соја-сос во ресторанот „Кура суши“ во Нагоја, на почетокот на минатиот месец. А, двајца други гости – 19-годишен маж и 15-годишна девојка, се уапсени бидејќи, според наводите, помогнале да се сподели видеоснимка на којашто се гледа како 21-годишникот пие од „заедничкото шише“ соја-сос. 

Од ресторанот соопштија дека ваквото „несовесно однесување“ на гостите „ги потресува темелите на односот и довербата“. Тие ја поздравија брзата реакција на полицијата.

Се верува дека oва се првите апсења во коишто е вклучено „нехигиенско однесување и вознемирување“ во оваа земја, како што се наведува. 

Фирмата додаде оти се надева дека овие апсења ќе одвратат други гости да се однесуваат на овој ист начин.