ВРАЌАЊЕ ОД ПЕНЗИЈА: Ако се санира повредата, ќе игра на ГРЕНСЛЕМ

Тој сака уште еднаш да игра на големiot турнир.

Легендарниот аргентински тенисер Хуан Мартин Дел Потро изјави дека се надева дека ќе игра на последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен, кој ќе се одржи од 28 август до 10 септември во Њујорк.

Дел Потро се повлече од тенисот во февруари минатата година поради проблеми со повредата на коленото, а последниот меч му беше на АТП турнирот во Буенос Аирес.

  • Како што кажав, ќе се обидам да играм на УС Опен. Мојот тенис нема да биде проблем, но моето колено ќе биде проблем. Овој турнир е посебен за мене и ќе дадам се од себе да се подготвам. Има доволно време, ќе почнам да тренирам и ќе видам како ќе реагира мојата нога – изјави Дел Потро во разговор со познатата новинарка Дениа Мич.

Дел Потро (34) во кариерата има освоено 22 трофеи, а во 2009 година триумфираше на УС Опен. Најдобриот пласман на АТП листата го имаше во август 2018 година, кога беше трет тенисер во светот.

  • Единственото нешто што ми недостасува е број еден. Сакав да го постигнам тоа, но никогаш не го постигнав бидејќи играв во ерата на Рафаел Надал, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Кога ќе ја погледнам мојата кариера и ќе видам со кого играв, се чувствувам многу добро, бидејќи знам кој ме спречи да бидам прв – заклучи Аргентинецот.