ВРТОГЛАВИ СУМИ НА ПАРИ – Објавена листата на најбогати спортисти: Џордан и неговите милијарди доминираат! (фото)

Општо е познато дека во спортот има многу пари, а навивачите ширум светот ги интересира колку нивните миленици заработиле во текот на нивните кариери.

На оваа тема се обрати американскиот портал Sportico кој објави листа на најбогати спортисти, а некои бројки се навистина неверојатни.

Првото место му припаѓа на легендарниот Мајкл Џордан, кој досега има заработено дури 3,3 милијарди долари, додека зад него на втората позиција е голферот Тајгер Вудс (2,5 милијарди долари), а потоа неговиот колега Арнолд Палмер (1,7 милијарди долари).

Најбогат фудбалер е Кристијано Роналдо со заработка вредна 1.500.000.000, додека од светот на тенисот се издвојува Роџер Федерер со 1.220.000.000 долари.

Најдобриот светски тенисер во моментот, Новак Ѓоковиќ е „само“ на 41. место, а споменатиот портал пресметал дека Србинот досега заработил 575.000.000 долари.