Вучиќ: „Путин не ми кажа што ќе се случи во Украина, но…“

Знаев дека нè очекуваат тешки настани и сфатив што ќе се случи во Украина уште пред да започне конфликтот во таа земја, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин не му рекол дека ќе има конфликт во Украина, туку тоа самиот го заклучил.

Вели дека не е пророк, туку само слушал и ги подредил фактите и дека ќе се обиде да објасни што очекува во наредниот период.

„Мислам дека тоа мора да се случи веќе во јуни, бидејќи Украина нема лесно да победи во воена смисла, тоа е речиси невозможно, очекувам дека ќе добие многу замав на европскиот пат. Мислам дека ќе се донесат одлуки за итен почеток на преговорите и итен влез во ЕУ. Американците создаваат блок во Европа, посебен блок кој ќе го сочинуваат Полска,балтичките земји и Украина. Ќе имате земји кои се поголеми од Франција по население. Ако на тоа се додаде Романија, тогаш тој квинтет или секстет станува најмоќен во Европа и под директно влијание на Америка“, рече Вучиќ во обраќањето на ТВ Пинк.