Германија ги почнува подготовките за ЕУРО2024 против Белгија и Перу

– Германија, која како домаќин по автоматизам обезбеди пласман на ЕУРО2024, ќе ги почне 15 – месечните подготовки во март со вкупно 12 контролни натпревари, а воведните два ќе ги одигра против Перу и Белгија.

Како што денеска објави Фудбалската федерација на Германија, избраниците на селекторот Ханси Флик на 25 март ќе му бидат домаќини на Перу во Мајнц, а три денови подоцна на домашен терен ќе играат против Белгија во Келн, еден од десетте градови домаќини на ЕУРО 2024.

Германија во историјата само еднаш беше домаќин на Европско првенство – во 1988 година.

„Се радуваме на овој турнир и сакаме да составиме екипа која игра фудбал на атрактивен начин, со страст, ентузијазам и гордост за Германија“, изјави германскиот селектор Ханси Флик.