Германија: Откажани се стотици летови поради штрајк

Меѓународниот аеродром во Берлин објави дека нема да има комерцијални полетувања денес, а ќе бидат засегнати и некои дојдовни летови.

 Денеска стотици летови беа откажани на четири германски аеродроми поради еднодневниот штрајк на персоналот за безбедност.

Меѓународниот аеродром во Берлин објави дека нема да има комерцијални полетувања денес, а ќе бидат засегнати и некои дојдовни летови.

Аеродромот мораше да откаже околу 200 летови, што влијаеше на 27.000 патници.

Од патниците било побарано да ја контактираат нивната авиокомпанија за да го дознаат моменталниот статус на нивниот лет.

Аеродромот во Хамбург, исто така, соопшти дека нема да има редовни полетувања денес, а штрајкот најверојатно ќе предизвика откажувања и одложувања на пристигнувањата.

Според властите на аеродромот, откажани се повеќе од 120 полетувања и најмалку 50 дојдовни летови.

Големи прекини и откажувања на летовите се очекуваат и на аеродромите во Бремен и Хановер.

Синдикатот „ver.di“ бара зголемување на платите над инфлацијата, повисоки примања за прекувремена и ноќна работа во смени и подобрување на работните услови.