ГИ КОРИСТИМЕ СЕКОЈ ДЕН- Храна што треба да ја избегнувате доколку имате алергија на полен

Постојат голем број на лекови кои можете да ги користите за да ги контролирате симптомите на алергија на полен, но изборот на храна исто така може да помогне да се намалат симптомите.

Храната која може дополнително да ја влоши состојбата во која се наоѓате, попрво треба да се избегнува во овој период.

Млечни производи

Млечните производи можат да го стимулираат производството на слуз, што ги влошува симптомите како затнат нос и течење на носот. Така, додека е активна таканаречената пролетна сезона, можеби е најдобро да избегнувате храна како млеко, јогурт, па дури и сирење.

Алкохол

Кога имате алергија на полен, телото ослободува хистамин како одбрана од нешто што го доживува како закана. Телото може да произведе хистамин, но може да се најде и во одредени видови храна и пијалоци, вклучувајќи го и алкохолот, што значи дека редовното консумирање алкохол ќе го зголеми нивото на оваа хемикалија во вашето тело и ќе доведе до чешање на кожата и затнат нос.

Кафе

Ниту не треба да пиете кафе, бидејќи како и алкохолот содржи големи количини на хистамин, што значи дека секој пат кога ќе посакате да пиете кафе, би можеле да ги влошите симптомите на алергија.

Јаткасти плодови

Иако јаткастите плодови се една од најздравите намирници што можете да ги јадете, тие исто така содржат хистамин. Ова особено важи за оревите и индиските ореви. Затоа избегнувајте ја оваа храна и обидете се да ја замените со маслиново масло во овој период како одличен извор на здрави масти.