Главниот хирург на САД повика на дрaстични ограничувања на употребата на социјалните мрежи од страна на децата и младите  

 – Првиот лекар на САД синоќа објави итно јавно предупредување за ризикот што социјалните мрежи го претставуваат за младите, повикувајќи на сеопшт напор да се разбере можната „штета по менталното и општото здравје на децата и младината“. 

Според Њујорк тајмс, предупредувањата на главниот хирург на САД во изминатите 50 години воделе кон големи промени во американското општество. 

Во советодавен документ од 19 страници главниот хирург на САД, д-р Вивек Мурти, истакна дека ефектите од социјалните мрежи врз менталнто здравје на младите се уште не се целосно познати и дека социјалните мрежи можат да бидат корисни за некои корисници. 

Се наведува дека сепак „постојат опипливи индикации дека социјалните мрежи создаваат продлабочен ризик од штетност по менталното здравје и здравјето на децата и младите личности“. 

Извештајот вклучува практични препораки за помош како семејствата да ги насочуваат децата кон ограничена употреба на социјалните мрежи. Препорачува времето поминато пред трпеза и на собирите лице в лице да биде без телефони и гаџети што придонесува кон градење блиски социјални врски и поттикнува разговор. Сугерира создавање на „медија план за семејството“, да се стават очекувања за употреба на социјалните мрежи, вклучуваќи ограничување на содржините и чување на личните информации. 

Д-р Мурти, исто така, ги повика технолошките компании да воведат граници за минимална возраст и да создадат зададени регулации за децата со високи стандарди за бебедност и приватност. Ги повикува властите да воведат здравствени и безбедносни стандарти за технолошките компании засновани на возраст . 

Во САД веќе се прават напори за ограничување на социјалните мрежи.  

Гувернерот на Монтана неодамна потпиша закон за забрана на ТикТок во државата, па кинеската апликација поднесе тужба против одлуката,а  многу корисници негодуваат. Јута во март стана првата држава што ги забрани услугите на социјалните мрежи за лица помлади од 18 година, без изрична согласност од родителите. Овој закон драматично го скрати простапот на младите кон такви апликации како Фејсбук или Инстаграм. 

Њујорк тајмс пишува дека во изминатте 50 години предупредувањата на главниот хирург на САД воделе кон големи промени во американското општество.  

Такви предупредувања за штетноста по здравјето биле дадени за пушењето и цигарите во 1964 година, за насилството на телевизија и во видео игрите во1972 година и за епидемијата на СИДА во 1986 година. Слични предупредувања имало и за возењето под дејство на алкохол, оруженото насилство и осаменоста и за дебелината.