ГЛАВОБОЛКА ЗА БРАЗИЛИЦОТ – Сопругата на Дани Алвеш побара развод

Сопругата на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, Џоана Санз, поднесе барање за развод откако нејзиниот сопруг беше обвинет за сексуален напад.

Наводниот напад се случил во ноќниот клуб Сатон во Барселона на 30 декември 2022 година, а Алвеш бил уапсен на 20 јануари. Моментално е во притвор без можност за кауција, но се обидува да излезе од куќниот притвор и е подготвен да носи наногица.

Алвеш беше фудбалер на мексиканскиот Пумас, но овој клуб раскина со него по тешките обвинувања против него.

Програмата Ана Роса сега објави дека Бразилецот исто така ќе остане без сопруга бидејќи Џоана Санз побарала развод. Но, причината за нејзиното барање наводно не зависи од тоа дали фудбалерот е виновен или не, туку од тоа што го признал неверството.

Џоана жали за нејзините први изјави во кои го бранеше Алвеш“, изјави новинарката Летисија Рекехо.