Гласноговорникот на Владимир Путин тврди: “Против Русија се води војна на сите фронтови, мора да ја задржиме присебноста и силата!“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека против Русија се води војна на сите фронтови и дека земјата мора да ја зачува трезвеноста.

Против Руската Федерација се води војна на сите фронтови, Москва мора да ја задржи присебноста и силата, да го прави она што одговара на нејзините интереси и отворено да изрази загриженост за она што е неприфатливо“, изјавил прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, а објави новинарот Павел Зарубин на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Во поширока смисла, се води војна, се води војна против нас на сите фронтови: без разлика дали се работи за економија, меѓудржавни односи, имотни односи итн.“, нагласил гласноговорникот на Владимир Путин.

Не смееме да се препуштиме на емоциите. Мораме да продолжиме да размислуваме трезвено“, рекол тој.

Прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, ги коментирал и зборовите на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам за „смртта на Русите“.

На средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Линдзи Греам кажа дека – „Русите умираат“ и дека – „САД никогаш не потрошиле толку пари за нешто добро“.

Тешко е да се замисли поголем срам за земјата отколку да има такви сенатори“, рекол Димитриј Песков.