ГЛОБАЛЕН АЛАРМ – 50 истакнати светски научници предупредуваат: “Во тек е невидено забрзување на глобалното затоплување!“

Рекордно високите емисии на стакленички гасови и намалувањето на загаденоста на воздухот предизвикаа невидено забрзување на глобалното затоплување, предупредија во четвртокот 50 водечки светски научници.

Од 2013 до 2022 година, затоплувањето поради човечките активности се зголемува со невидена стапка од повеќе од 0,2 степени Целзиусови по деценија“, велат научниците во рецензирана студија за креаторите на политиките.

Светските лидери ќе добијат нови податоци на овогодинешниот самит за климата „COP28“ во Дубаи, на кој ќе се разговара за напредокот кон целите на „Парискиот климатски договор“ од 2015 година.

Иако сè уште не сме достигнале 1,5 степени на затоплување, буџетот за јаглерод, или количината на стакленички гасови што луѓето можат да ги испуштат без да го надминат тој праг, веројатно ќе биде надмината за само неколку години“, вели главниот автор на извештајот, Пирс Форстер, професор по физика во Лидс.

Тој буџет е преполовен откако советодавното тело на ОН за климата, Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), ги состави податоците за својот последен извештај за 2021 година, според Пирс Форстер и неговите колеги, од кои многумина учествувале во работата на IPCC.

За да имаме 50 отсто шанси за запирање на затоплувањето под прагот од 1,5 степени Целзиусови, емисиите на CO2, метан и други гасови кои предизвикуваат глобално затоплување, кое најмногу е предизвикано од согорувањето на фосилните горива, не смеат да надминат 250 милијарди тони“, истакнуваат научниците.

Подобрувањето на изгледите на две третини или четири петтини ќе го зголеми просторот за маневрирање на 150 и 100 милијарди тони емисии на стакленички гасови, соодветно, што е две до три години повеќе со сегашната стапка на емисии.

За климатските цели во Париз да останат во игра, загадувањето со јаглерод диоксид ќе треба да се намали за најмалку 40 проценти до 2030 година и целосно да се елиминира до средината на векот, според пресметките на IPCC.