ГЛУМЕА ЗАЕДНО ВО ФИЛМОТ – Лепа Брена потресена од смртта на Саша Петровиќ: Ќе се сеќавам на неговата човечка топлина и чувствителност

Лепа Брена е потресена од ненадејното заминување на актерот Саша Петровиќ, кој почина вчера на 61-годишна возраст.

Во регионот Саша е најпознат по улогата на Чаки во филмовите за Лепа Брена од 1987 и 1989 година, првиот и вториот дел од “Hajde da se volimo”.

Лепа Брена за српските медиуми се потсети и откри по што актер ќе остане запаметен.

“Тешко е да се опише тагата со зборови. Прерано не напушти. Секогаш ќе се сеќавам на неговата човечка топлина и чувствителност што ги носеше во душата. Се надевам дека сега е во подобро друштво и опкружен со великаните на кои им припаѓа. Нека му е вечна слава“, рече таа.

Покрај Лепа Брена, од легендарнотт актер се простија многу колеги и пријатели, меѓу другите, Емир Хаџихафизбеговиќ, Бранко Ѓуриќ Ѓуро, Јасна Бери и многу други.

Легендарниот актер Саша Петровиќ на 61-годишна возраст вчера почина . Саша постигна бројни големи актерски остварувања, меѓу кои култната претстава „Аудиција“, потоа филмовите „Кудуз“, „Ничија земја“, „Нафака“, „Ајде да сакаме“, „Оваа мала душа“, како и серијата „Луд , збунет, нормален“. За улогата во филмот на Срѓан Вулетиќ „Тешко е да се биде убаво“, тој ја доби наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар актер на Сараевскиот филмски фестивал во 2007 година.