ГОДИНИТЕ ЗА НЕА СЕ САМО БРОЈ! По 24 години Никол Кидман повторно сними дури два еротски трилери: “И недостигаат жешките сцени…“

Поминаа 24 години откако Никол Кидман последен пат одигра еротска улога покрај нејзиниот тогашен сопруг Том Круз во бурниот и контроверзен филм „Очи ширум затворени“. А сега публиката ќе има можност да ја види 55-годишната холивудска ѕвезда во дури два еротски трилери закажани за на големото платно. Таа ќе ја игра улогата на фатална жена во два проекти кои се снимаат во разлика од неколку месеци.

Првиот филм е трилер во стилот на Хичкок наречен „Холандија, Мичиген“ во кој таа игра заедно со Метју Мекфадиен. А Мекфадиен, кој се прослави со улогата на Том Вамбсганс во серијата „Секцесија“, во филмот ја игра сопругата на Кидман. Заплетот е еден вид игра на „мачка и глушец“ и ја раскажува приказната за наставничката која започнува афера, за да дознае дека и нејзиниот сопруг води двоен живот.

Се чини дека актерката сакаше повторно да биде во сцените на еротскиот филм, бидејќи веднаш по снимањето на „Холандија, Мичиген“ се согласила да биде главната улога во филмот „Бејби Гирл“. Ова жешко сценарио е за бизнисменка во нејзините 40-ти години, која започнува опасна врска со 21-годишен практикант.

Но, тоа не е крајот на ангажманите на актерката, бидејќи хиперзафатената Кидман прифатила да игра и во мини-серијата на Нетфликс „Совршениот пар“. Во серијата, таа ја игра и главната улога, заедно со Лиев Шрајер, во ѕвездената адаптација на истоимениот трилер, напишан од Елин Хилдербранд. Познатата актерка ја игра писателката за криминал Грир Гарисон Винбери, која ја планира венчавката на нејзиниот син и идната снаа, кои ги игра Ев Хјусон.

Производството на серијата ќе започне во април, со Џена Ламија како водител и извршен продуцент, а Сузане Биер како режисер и извршен продуцент.