ГОЛЕМА ‘ГЛАВОБОЛКА’ ЗА БАЈДЕН – Кинескиот мировен предлог проблем за САД: Белата куќа се обиде да го држи Пекинг на страна од војната но се случи сосема спротивното

Иако јавно го отфрлија наводниот кинески мировен договор, властите во Соединетите Американски Држави (САД) се најдоа во непријатна позиција.

Средбите помеѓу претседателот на Кина, Си Џинпинг и претседателот на Русија, Владимир Путин во Москва ја ставија администрацијата на Џо Бајден во непријатна позиција, пишува угледниот весник Bloomberg.

Белата куќа, Вашингтон, САД

Двајцата претседатели разговараа, меѓу другото и за ситуацијата во Украина и мировниот предлог на Пекинг, кој е неприфатлив за САД.

Властите во САД го нарекоа предлогот на Кина за постигнување примирје како награда за „руската инвазија“ бидејќи тоа ќе ги консолидира нејзините територијални придобивки.

Сепак, неофицијално, предлогот предизвикал чувство на нелагодност кај администрацијата на Џо Бајден, што довело до прашања за поширокиот пристап на Вашингтон кон двете земји, наведува весникот.

Неименуван функционер изјавил за весникот дека САД се загрижени дека би можеле да бидат заглавени од кинескиот предлог. Без оглед на скептицизмот на Вашингтон, отфрлањето на предлогот ќе и овозможи на Кина да им сигнализира на другите држави, уморни од војната и економските штети, дека Вашингтон не е заинтересиран за мир.

Доколку САД го отфрлат договорот, Кина ќе инсистира на тоа дека Вашингтон се спротивставува на прекин на огнот и завршување на војната“, објаснува Бони Лин од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Тој наведува дека Пекинг ќе има многу начини да ја прикаже американската позиција во негативно светло на целиот свет.

И покрај тоа што администрацијата на Џо Бајден се обидуваше да ја држи Кина подалеку од настаните од почетокот на војната во Украина, се случи токму спротивното, пишува Bloomberg и истакнува дека Си Џинпинг и Владимир Путин се зближуваат, додека во исто време, Пекинг наоѓа начини како да се покаже како миротворец пред светот.

Од друга страна, официјалните лица во Вашингтон тврдат дека нивните предупредувања до Пекинг имаат ефект и дека јавните предупредувања дека Кина може да обезбеди воена помош за Русија ја натерале Владата на Си Џинпинг повеќе пати да размисли за оваа идеја.

Администрацијата на САД се обиде да ја натера Кина да се соочи со украинската криза под американски услови, но Си Џинпинг инсистира на сопствените услови, што предизвикува одредено запрепастување во администрацијата“, објаснува Кристофер Џонсон, претседател на Кинеската стратешка група во САД:

Некои аналитичари веруваат дека Кина неодамна се откажала од подобри односи со САД и дека колку помалку гледа можност да соработува со Вашингтон, толку е поголема веројатноста да соработуваат на друг начин со други земји, што може да доведе до слабеење на САД во односите со другите земји, заклучува угледниот весник.