ГОЛЕМА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА – Пожар на свињарска фарма во атарот на село Лакавица

Во тек е пожар на голема свињарска фарма во атарот на село Лакавица општина Штип. На терен се десет пожарникари, три возила од Штипската Противпожарна единица.

Командиорт на ТППЕ Штип, Дарко Коцев, вели дека на помош им пристигнале и петмина пожарникари со едно возило од Противпожарната единица од Радовиш.

Дојавата на пожарот е пристигнат околу 16 часот.

– Во моментов го довршуваме пожарот. Има голема материјала штета. За причините на пожарот се уште неможе да се каже бидејќи има се уште чад, вели Коцев.

Пожарникарите остануваат на терен се додека не го ликвидираат до крај.

На лице место се и екипи на Полициска станица Штип со цел да увидат на местото на настанот.