ГОЛЕМА ПОЧИТ – На поранешната канцеларка Ангела Меркел ќе и биде врачено највисокото признание во Германија

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе го добие „Големиот крст“ на „Орденот за заслуги“, највисокото признание во Германија, потврдија од кабинетот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер по објавувањето на веста од страна на магазинот Stern.

Досега оваа награда ја добија само поранешните канцелари Конрад Аденауер и Хелмут Кол. Сите тројца политичари се од конзервативната партија „Христијанско-демократска унија“ (ЦДУ).

Соопштено е дека специјалната награда ќе биде доделена во месец април.

Над оваа награда стои само специјалната диплома „Големиот крст“ кој се доделува на секој германски претседател по преземањето на функцијата, како и на претседателите на странските држави.

Меѓу другото покани биле испратени до партиските колеги од ЦДУ, Томас де Мезиер и Питер Алтмаер а додека Ангела Меркел го покани својот прв вицеканцелар од „Социјалдемократската партија“ (СПД), портпарол на нејзината Влада и блиски соработници.

Никој од сегашното раководство на ЦДУ или од нејзината сестринска партија, баварската Христијанско-социјална унија“ (ЦСУ) или „Слободната демократска партија“ (ФДП), ориентирана кон бизнисот, не е на списокот, пишува магазинот.

Поканети биле и поранешниот источногермански активист за граѓански права Рајнер Епелман, актерот Улрих Матес и поранешниот фудбалски тренер Јирген Клинсман.