ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ХРВАТСКА – Млад фудбалер (15 г.) почина за време на натпревар! Клубот се огласи: “Сите сме во солзи, ова е голема тага…“

Во Хрватска денеска се случи неопислива трагедија.

Имено, младиот фудбалер Мартин Филипчиќ (15 г.) починал на натпреварот помеѓу НК Самобор и Дуго Село, потврдија на социјалните мрежи челниците на клубот ФК Бистра.

Во овие тешки моменти што го зафатија целиот самоборски и хрватски спорт, упатуваме искрено сочувство до нашите пријатели од Самобор. Ние сме со нив и семејството на починатиот ангел во нашите мисли“, се вели во соопштението на клубот објавено на социјалните мрежи.

Денеска во текот на денот се случи уште една голема трагедија во Хрватска, бидејќи за време на трката од Светскиот рели шампионат во Загреб се случи несреќа, кога возило излета од патеката за време на вежбите, при што возачот загина.

Според информациите, починал ирскиот возач Крег Брин, кој досега беше шести во генералниот пласман.