ГОЛЕМИОТ ПУТИН КЛЕКНА НА КОЛЕНА ПРЕД СИ !? Неверојатна фотографија кружи на Интернет: Деталите ја откриваат вистината, за што се работи !? (фото)

Посетата на претседателот на Кина, Си Џинпинг на Русија со денови беше главна вест во светските но и во домашните медиуми.

Си Џинпинг и Владимир Путин

Аналитичарите ја гледаа со ширум отворени очи демонстративната блискост на Си Џинпинг и Владимир Путин и новиот договор меѓу двете земји како израз на продлабочувањето на нивното стратешко партнерство – во време кога Западот бара јасно дистанцирање на Кина од Русија, поради нападот врз Украина и поради налогот за апсење, кој неодамна беше издаден против Владимир Путин од Меѓународниот кривичен суд, пишува германскиот весник Deutsche Welle.

Во овој контекст, една вирална фотографија предизвика бурни дискусии на социјалните мрежи. Наводно на фотографијата се гледа како Владимир Путин клечи пред Си Џинпинг. Тоа би бил голем гест на понижување кој би имал многу силен симболичен карактер – доколку таа сцена е реална.

Фотографијата предизвика вистинска бура на Интернет, па така еден корисник на социјалната мрежа Твитер за фотографијата напишал: „Владимир Путин клекнува, се заколнува на послушност и лојалност на својот господар Си Џинпинг“, додека друг корисник се потсмева дека колената на Владимир Путин веќе едвај се свиткуваат. Фотографијата ја споделија и некои новинари, а се прошири на социјалната мрежа Телеграм. Фотографијата е прегледана повеќе од милион пати на сите платформи.

Но, вистинското прашање е дали Владимир Путин навистина клекна пред Си Џинпинг ?

Проверка на факти направија од германскиот весник DW и заклучија дека целата фотографија не е вистинска и дека случката е лажна.

Одговорот е; не! Владимир Путин не му се поклони на Си Џинпинг – фотографијата е лажна. Освен фактот дека таквиот гест на покорност од еден претседател кон друг би бил крајно нереален, нашето истражување покажува дека сликата на Си и Путин најверојатно е направена и изработена од вештачка интелигенција. Бројни индикатори го поддржуваат ова, објави германскиот весник.

Ако се погледне внимателно на фотографијата се откриваат неколку детали: Задниот чевел на клекнатото лице, за кое се вели дека е Владимир Путин, е непропорционално голем и широк. Листот на истата нога изгледа издолжен и нереален. Полупокриената глава на личноста е исто така многу голема и непропорционална со остатокот од телото. Увото е невообичаено деформирано и има неколку недефинирани испакнатини кои ги нема на другите фотографии на кои се гледа увото на Владимир Путин. Увото на Си Џинпинг исто така изгледа деформирано и е зголемено. Сепак, највпечатливата недоследност на фотографијата не се однесува на Владимир Путин или Си Џинпинг, туку на личноста која стои лево од нив. Рацете на мажот како да се спојуваат една во друга, пишува споменатиот весник.

Искуството покажа дека сето тоа се абнормалности кои се јавуваат на фотографиите генерирани од вештачката интелигенција.