ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ – УЕФА отвори истрага против Барселона! Каталонците обвинети за местење на натпревари !?

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска соопшти дека покренува истрага против фудбалскиот клуб Барселона, поради случај на сомнителни финансиски плаќања.

Каталонскиот тим и претходно беше обвинет за корупција од шпанското обвинителство, бидејќи во периодот од 2001 до 2018 година уплати повеќе од 7,3 милиони евра на сметката на компанијата на поранешниот потпретседател на тамошната фудбалска судиска комисија.

Се сомнева дека Барселона му платила пари на Хозе Марио Енрикез Негреира (член на судиската организација од 1994 до 2018 година), за тој да влијае на изборот на судии за натпреварите на каталонскиот тим.

Правилата на Лигата на шампионите, кои се во сила од 2007 година, и дозволуваат на УЕФА да им забрани на тимовите натпреварување од една сезона доколку тие биле вклучени во местење натпревари.

Освен за корупција во спортот, обвинителството ги обвини и поранешните челници на Барселона, Сандро Росело и Жозеп Бартомеу за несовесно управување и фалсификување документи.

Во претходното соопштение, Барселона ги отфрли обвинувањата за корупција и истакна дека користела советодавни услуги во врска со судиските прашања.

На табелата во Примера, Барселона по 26 одиграни натпревари е на првото место, а има 12 бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.