Го победија Јунајтед со 7-0 а денес изгубија од Борнмаут! Промашениот пенал на Салах му донесе пораз на Ливерпул

Во првиот натпревар од 27. коло на англискиот фудбалски шампионат, Бурнемаут на домашен терен изненадувачки го победи Ливерпул со резлутат од 1-0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Билинг во 28. минута по одличното проигрување по десното крило и додавањето на Уатара.

Најубавата шанса за израмнување Ливерпул ја пропушти во 69. минута кога Салах не успеа да постигне гол од пенал.

Со оваа победа, Бурнемут скокна на 16. место со 24 бодови, два повеќе од 18. Лидс и 19. Евертон кои се во зоната за испаѓање. Ливерпул остана петти со 42 бода, три помалку од четвртопласираниот Тотенхем Хотспур кој ја држи последната позиција што води во Лигата на шампионите следната сезона.

Арсенал е на чело на табелата со 63 бода, пет помалку има Манчестер Сити.