„Го убија син ми на 300 метри од нашата куќа!” Убиен млад Србин во Данска: Го прободеле в срце (ФОТО)

Петар М. Стешевиќ (17), млад човек по потекло од Црна Гора и неговиот најдобар пријател Н.Ш. (18) по потекло од околината на Чачак, биле убиени во понеделникот на 300 метри од куќата во која живеел Петар со семејството кога од засега непознати причини биле нападнати од група млади луѓе!

Таткото на Петар, Ненад Стешевиќ, со тага во гласот, во својата исповед, изјави дека нема сомнеж кој може да стори вакво злосторство и дека само неколку минути пред убиството мајката на Петар телефонски разговарала со синот.

– Сè се случи на 300 метри од нашата куќа овде. Вечерта излезе со двајца пријатели и едно момче од Данска. Му се јавила мајка му и тој само и’ кажал дека е на пат кон дома, а бил многу блиску, но кога не стигнал дома, таа повторно му ѕвонела, но тој не се јавил. Тогаш се јавила полиција и и’ кажала дека се случило најлошото – раскажува таткото на Петар.

– Петар за три месеци ќе наполнеше 18 години, требаше да дипломира, животот беше пред него. Беше голем спортист, а со момчето што беше со него цел живот се дружеше, двајцата се родени овде во Данска, заедно играа фудбал, кошарка.

Иако го познава младиот тинејџер кој беше убиен со Петар, од почит кон неговото семејство, Ненад не сакаше да ги открие деталите.

-Истрагата сè уште трае и не сме сигурни што точно се случило – вели Ненад, а според данските медиуми тој и други биле нападнати од група млади мажи кои не се државјани на таа земја.

– Петар Стешевиќ е прободен со нож во срцето, a на Н.Ш. напаѓачите му го пресекле грлото, додека Данецот поминал со убодни рани во ногата – јавија локалните медиуми.

Според пишувањата на данските медиуми, еден од напаѓачите им бил познат на убиените млади тинејџер, но полицијата интензивно работи на расветлување на овој случај.

Семејство во солзи

– Се роди во моите прегратки, многу среќно момче кое секогаш знаеше да каже те сакам. Полн со енергија и љубов. Има постар брат Мило, на кој секогаш можеше да се потпре. Беше весел и радосен тип.

Инаку, Петар е втора генерација Стешевиќ роден во Данска, Ненад вели дека е Србин од Котор.

– Роден сум во Котор, моите родители на северот на Црна Гора, но сите сме Срби. Затоа знам дека цела Србија и Црна Гора плачат поради смртта на Петар!