Градоначалникот на Куманово на конференција во Истанбул за енергетика и климатска транзиција

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски со колеги од државата и од регионот присуствуваат на конференција посветена на енергетската и климатската транзиција во Турција, соопштија денеска од општината. Како што наведуваат во соопштението, ова е можност градоначалниците да разменат информации за можностите за аплицирање проекти.

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во организација на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС заедно со колеги градоначалници од државава и градоначалници од регионот присуствуваат на конференцијата „Енергетска и климатска транзиција и заедничко планирање“ на ГИЗ во Истанбул, Република Турција во рамки на 18-тото Генерално Собрание на НАЛАС.

– Конференцијата претставува убава можност за споделување на искуства во имплементација на проекти финансирани од Европската Унија, имплементирање на нови практики и очекувања. Верувам дека ќе размениме позитивни практики и идеи што ќе бидат од голема корист за граѓаните на општина Куманово, истакнува Димитриевски.