Гран при за „Флинстонови“ на прилепскиот карневал

Маската „Флинстонови“ на прилепското училиште „Блаже Конески“ е најдобрата и најоригинална маска на годинашниов карневал „Прочка 2023“ што по 21. пат се одржа во Прилеп. Ја понесе Гран при наградата на Карневалот.

Жири комисијата во состав Кире Младеноски, кореограф, етнологот Александар Цветкоски и ликовниот уметник Тони Чатлески првото место ѝ го додели на групната маска „Адамс фемили“ од училиштето Добре Јоваоски, второто место го освои маската „Срцето на градот“ од училиштето „Гоце Делчев“, а третото место ѝ припадна на групната маска „Хакуна матата“ од прилепското училиште Кире Гаврилоски Јане.

Маската „Мила-волк-ајкула“ е најдобра поединечна маска на годинашниов прилепски карневал „Прочка 2023“

На карневалот учествуваа над 500 маскирани со преку 20 групни маски и учесници од Прилепи од повеќе градови од Македонија. Карневалот го отворија прилепските мечкари како заштитна и вековна маска на Прилеп.