Грахам Арнолд уште четири години австралиски селектор

– По успехот на неодамнешното Светско првенство во Катар, селекторот на австралиската фудбалска репрезентација Грахам Арнолд го продолжи договорот за уште четири години и ќе ја предводи Австралија во квалификациите за Мундијалот 2026.

На Арнолд му се закануваше отказ поради слабите резултати во мундијалските квалификации, но потоа во Катар ја однесе Австралија до пласман во осминафиналето.

Австралија на турнирот во Катар приреди изненадувања со победите над Данска и Тунис и само вторпат во историјата се пласираше меѓу 16. најдобри репрезентации.

Во нокаут фазата Австралија беше елиминирана од светскиот првак Аргентина.